Источноавстралиска торбарска мачка - Фото: Wikipedia

ФОТО | Симпатично животинче кое „свети“ во темница: Загрозен вид од Австралија за првпат фотографиран во дивина

Фотограф „фатил“ источноавстралиска торбарска мачка за првпат во дивината во темница, и сфатил дека овие необични суштества можат да „светат“ во темница.

Бенџамин Олдриџ фотографирал симпатичен цицач кој покажува биофлуоресценција под ултравиолетово зрачење, што е прв пат овој феномен да биде забележан кај торбар во природна средина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Alldridge (@benjaminalldridge)

Фотографијата беше избрана меѓу 12-те најдобри на овогодинешниот натпревар „Beaker Street“ за најдобри научни фотографии.

„Нивното светло кафеаво или црно крзно, под одредени бранови должини на светлина, покажува процес наречен биофлуоресценција – како флуросцентна маица што свети во дискотека, само ова е во природата“, вели Олдриџ.

Фотографијата е дел од истражувањето за тоа како светлосното загадување влијае на природниот свет.

Според организаторката на натпреварот, Марго Адлер, финалистите оваа година ја доловија суштината на доближувањето на науката до луѓето.

„Овие фотографии ни овозможуваат да го гледаме светот низ различни очи, а во некои случаи откриваат работи што никогаш порано не сме ги виделе“, вели Адлер.

Фотографиите ќе бидат изложени во Уметничката галерија на Тасманскиот музеј во текот на август, како дел од фестивалот „Бикер Стрит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот