Ана Николиќ и Рале / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Шокантната љубовна приказна доби необичен епилог: Ана Николиќ и Рале се венчале на Малдиви

Српската пејачка Ана Николиќ и композиторот и продуцент Горан Ратковиќ Рале го изговориле судбоносното „да“ минатиот викенд, во текот на егзотичното патување на Малдивите, дознава ексклузивно српски „Курир“.

Пејачката и продуцентот се венчале на една од најубавите песочни плажи на овој егзотичен остров, па овој одмор, кој следел по нивното помирување по турбулентниот период што сега е зад нив, ќе им остане во вечно сеќавање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)


Овој чин бил планиран уште во август, но не се случил, бидејќи раскинале и го откажале патувањето.

– Ана и Рале требаше да отпатуваат на Малдивите кон крајот на август, но тоа патување не успеа, бидејќи таа го пријави за физичко насилство, поради што му беше изречена итна полициска мерка. Тие отседнале во еден од најлуксузните ресорти на островот, но се договориле дека Ана нема да објавува фотографии од одморот додека не се вратат. Секако, таа не можела да издржи и веднаш објавила неколку фотографии, што го изнервирало Рале. Сепак, не можете да го видите Рале на ниту една од фотографиите, бидејќи тој ја фотографирал Ана. Рале со себе имал и прстен за официјално да ја запроси, што таа веднаш го прифатила. Во последните неколку дена добро се согласувале, а потоа едно утро таа побара лаод Ратковиќ да се венчаат. Тој бил шокиран и ја прашал дали е сигурна. Таа рекла „да“ и дека веднаш ќе оди да се распраша што сè е потребно за да го изговорат судбоносното „да“ – рекол изворот за српски „Курир“, а потоа продолжил:

Ана Николиќ на Малдиви/Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Рале веднаш ги добил сите информации од вработените во одморалиштето, вклучително и фактот дека свадбите на Малдивите се церемонијални и симболични, но не и правно обврзувачки. Односно, му рекле дека – за бракот да биде правно признаен, тие мора да направат официјална венчавка во Србија. Тој ѝ рекол на Ана да се подготви и дека тоа веднаш ќе го направат. Хотелскиот ресорт веднаш организирал сè за нив по итна постапка, па тие веќе истата вечер рекле „да“ на плажата во текот на заоѓањето на сонцето. Било многу емотивно, а Ана конечно е повторно среќна, по бурниот период во нивната врска. Ќе видиме дали ќе остане така кога ќе се вратат од одмор, кога ќе заврши оваа идила. Таа веќе почнала да го испрашува Рале кога ќе оди во општината за и тука да легализираат сè, а потоа ќе следи и венчавка пред Бога во манастирот Раковица – рекол изворот за „Курир“.

Ана Николиќ на Малдиви/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, кон крајот на август, Ана Николиќ го пријави својот партнер за насилство, по што двајцата завршија во полиција на испрашување.

Ана Николиќ на Малдиви/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Вознемирувачко: Ана Николиќ претепана, цела во крв и модринки, го пријави во полиција својот партнер Рале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот