ФОТО | Шокантен стајлинг: Бремената Ријана се појави во танга и градник во Париз

Фото: Инстаграм

Откако му откри на светот дека е бремена, мегапопуларната пејачка Ријана гордо го покажува трудничкиот стомак каде и да се појави.

Ријана вчера присуствуваше на ревијата на „Диор“ на Модната недела во Париз каде дојде во црна долна облека над која носеше целосно проѕирен мрежест фустан. Разголениот стајлинг го комбинирала со високи црни лакирани чизми и со црн капут спуштен низ рамениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mymusicbazemedia (@mymusicbaze)

Ваквиот стајлинг на познатата пејачка повторно го стави нејзиниот стомак во прв план.

Ова е досега најсмел стајлинг на Ријана откако објави дека е бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by culture1hunnid (@1hunnid2022)


Ријана неодамна објасни зошто со секој стајлинг го истакнува трудничкиот стомак.

– Во моментот работам на промовирање на идејата дека трудниците и понатаму изгледаат привлечно, иако околината ве тера да го правите спротивното, да скриете нешто. Ве тера да ја криете својата сексапилност и да ја вратите по бременоста, а јас не верувам во тие работи. Затоа, се обидувам да носам работи за кои можеби немав самодоверба да ги пробам пред да забременам – рекла пејачката.

Инаку, 33-годишната пејачка го очекува своето прво дете со партнерот, раперот АСАП Роки, со кого е во врска неколку години.

Пејачката за првпат ги поттикна гласините за бременоста во ноември, кога ја прими наградата Национален херој на нејзиниот роден Барбадос во тесна тоалета.

ФОТО | Конечно е вистина: Ријана е бремена, го очекува своето прво дете со А$АП Роки!

ФОТО | Конечно е вистина: Ријана е бремена, го очекува своето прво дете со А$АП Роки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот