ФОТО | Шампањско на јахта од 6 милиони евра: Лепа Брена му го честиташе 60. роденден на Боба

Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ
Фото: Инстаграм/Лепа Брена

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ пловат по Јадранско Море со јахта вредна 6 милиони евра, додека нивниот помал син Виктор Живоиновиќ е нешто поскромен. Тој со пријателите се вози во глисер.

Заедно го слават 60-тиот роденден на Боба, а Брена објави кратко видео на кое наздравуваат со шампањско среде море.

„Среќен роденден“, пишува во описот на видеото.

Инаку, Брена и Боба неодамна ја прославија 31-годишнината од бракот.

Наследникот на семејството Живоиновиќ, пак, е забележен како се шета по марината со двајца пријатели. Носел ранец на грб и брзал што побрзо да се качи на глисерот.

Во прилог на тоа сведочат и фотографиите направени од папараците на српски „Курир“.

Штом стигнал до пристаништето, Виктор го зел цревото и го измил чамецот. Тој и неговите пријатели ги направиле сите подготовки за испловување и ја започнале авантурата по Јадран. Виктор веднаш го фрлил ранецот, ја соблекол кошулата и седнал зад воланот.

„Њујорк пост“: Лепа Брена продава луксузна куќа во Мајами за вртоглави 16,9 милиони долари

ВИДЕО | Лепа Брена подготви незаборавна забава за 25-от роденден на најмладиот син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот