ФОТО | Се огласи и Џејда: Сопругата на Вил Смит ги збуни сите со објавата

Џејда Пинкет Смит
Џејда Пинкет Смит / Фото: Инстаграм, Џејда Пинкет Смит

Џејда Пинкет Смит се огласи за првпат по скандалот на годинашното доделување на филмските награди Оскар, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на комедијантот Крис Рок бидејќи тој пошегува на сметка на сопругата на Смит и нејзината болест, алопеција.

Актерката објави кратка и прилично мистериозна порака која ги збуни нејзините следбеници.

„Ова е сезона на излекување и јас сум тука за тоа“, стои во нејзината објава.

Претходно, Вил Смит јавно му се извини на својот колега Крис Рок и напиша дека неговото однесување на свеченоста било „неприфатливо и непростиво“.

„Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно. Се срамам и моите постапки не укажуваат на човек каков што сакам да бидам“, порача Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот