ФОТО: „РСМ во ЕУ, на куково лето“ – Каракачанов сатирично претставен на карневалот во Габрово

Фото: Радослав Прванов

На Габровскиот карневал, еден од највечатливите годишни настани во соседна Бугарија, слично како и кај нас во Вевчани, процесијата на карневалските маски и фигури се користи и за критика на актуелни општествени појави и случувања. На мета на духовитите габровски народни „коментатори“ често се и политичарите.

Годинава, на карневалот се појави и џиновска кукла со ликот на поранешниот министер за одбрана и претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов. Тој во раката држи натпис „РСМ во ЕУ, на куково лето“.

Фото: Радослав Прванов / Фејсбук

Погледнете ги фотографиите од карневалот во Габрово на бугарскиот фотограф Радослав Прванов:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот