Фото: vfmkd.org.mk

ФОТО | Ристоски и Ал Хилал освојувачи на Сауди Националниот куп

Македонскиот одбојкарски стратег Жарко Ристоски и неговиот тим Ал Хилал имаат одлично загревање за сезоната во Саудиска Арабија, откако го освоија Сaуди Националниот куп. Во финалето со 3:0 во сетови го победија тимот на Ал Ахли и ја одбранија титулата.

Најдобрите осум екипи учествуваат во Националниот куп, а тимот на Ристоски на патот до трофејот уште го совлада и Ал Насер со 3:1 во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето со 3:0 беше подобар од Ал Итихад.

Ова е втора титула за нашиот тренер и Ал Хилал сезонава, откако претходно го освоија Интернационалниот клупски шампионат, кој се одржа во Абу Даби.

Ристоски и Ал Хилал ќе ја бранат шампионската титула и во националното првенство на Саудиска Арабија, кое започнува на 21 ноември.

Клупските активности во следниот период ќе бидат на пауза поради одржувањето на Исламските игри, чии домаќин ќе биде националниот тим на Саудиска Арабија.

Фото: vfmkd.org.mk
Фото: vfmkd.org.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот