ФОТО | Рајан Рејнолдс се пошегува на сметка на теоретичарите на завери: Ми вбризгаа 5Г

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс објави на социјалните мрежи дека се вакцинирал против коронавирусот.

Како што наведе во шегата, му вбризгале 5Г мрежа.

Рајан објави фотографија на која се гледа како медицинската сестра му става вакцина во левата рака.

„Конечно имам 5Г“, се пошегува Рејнолдс.

Оваа шега произлезе од многубројните теории на завера во кои 5Г мрежата беше поврзувана со коронавирусот, а вакцинирањето со чипувањето на луѓето.

Рајан за помалку од 24 часа на оваа фотографија, на Твитер, собра речиси милион лајкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот