ВИДЕО | Арнолд Шварценегер се пошегува за приведувањето на аеродром: Инаку плаќам 500 долари за лисици
Актерот Арнолд Шварценегер (76) неодамна беше приведен на аеродромот во Минхен бидејќи на царина не пријавил скап часовник. Сега, за време на аукцијата во Кицбил, Австрија, тој се пошегува за непријатната ситуација, пренесува „ТМЗ“ (TMZ). – Мислам, секогаш ги започнуваме работите со многу драма. Тоа е она што го видовме вчера. Можете ли да верувате …