ВИДЕО | Арнолд Шварценегер се пошегува за приведувањето на аеродром: Инаку плаќам 500 долари за лисици

Арнолд Шварценегер
Арнолд Шварценегер / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Актерот Арнолд Шварценегер (76) неодамна беше приведен на аеродромот во Минхен бидејќи на царина не пријавил скап часовник. Сега, за време на аукцијата во Кицбил, Австрија, тој се пошегува за непријатната ситуација, пренесува „ТМЗ“ (TMZ).

– Мислам, секогаш ги започнуваме работите со многу драма. Тоа е она што го видовме вчера. Можете ли да верувате дека одеднаш бев со лисици – рече тој и потоа додаде дека не е приведен поради часовникот, туку поради „жешката ноќ“ со неговата девојка Хедер Милиган.

– Неверојатно е. Сериозно, жената на царина ми рече: „Ако не се однесуваш добро ќе ти ставам лисици“. Реков: „Еј, тоа е во ред. Тоа е одлична работа бидејќи нормално плаќам 500 долари за тоа“, додаде тој. Неговата шега збуни многумина, но тој продолжи и така откри што се случило подоцна.

Како што вели, откако го пронашле часовникот Audemars Piguet, други почнале да го бараат, но не го нашле.

– Не го најдоа затоа што јас го сокрив. Не можам да ви кажам каде, бидејќи денес едноставно не можам да седнам – се пошегува тој.

Извори за „ТМЗ“ изјавиле дека тој зборувал за ситуацијата осум минути и дека на повеќето од публиката им се допаднале неговите шеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот