Актерот Крис Рок на јавната телевизија се пошегува на сметка на заразениот претседател Трамп (ВИДЕО)

крис рок
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Комичарот и актер Крис Рок вознемири бројни следбеници на претседателот Трамп со невкусните шеги на сметка на заразениот претседател.

Додека ја водеше првата емисија од шоуто „Saturday Night Live“, Рок воведниот говор го започна со шега на сметка на Трамп.

„Пред воопшто да почнеме… Знаете како е, слон во просторија. Претседателот Трамп е во болница со ковид-19 и само сакав да кажам дека со целото срце навивам за ковид-19“.

Во продолжение говореше за тоа како пандемијата на коронавирусот влијаела на неговиот живот, но и ги поттикнуваше луѓето да излезат на избори.

Сепак, се чини дека најмногу коментари на социјалните мрежи повлече шегата од почетокот на говорот, а многумина поради тоа го нападнаа на социјалната мрежа Твитер….

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот