Софи Тарнер како Лара Крофт / Фото: Paramount Pictures / Mutual Film / AFP / Profimedia / Instagram

ФОТО | Прва фотографија од новата Лара Крофт: Еве како изгледа актерката што ќе ја наследи Анџелина Џоли

Конечно е претставен првиот поглед на претстојната играна серија „Ограбувачка на гробници“ / „Tomb Raider“, во која Софи Тарнер ја толкува легендарната Лара Крофт.

Снимањето на серијата официјално започна, а проектот веќе се опишува како еден од најважните телевизиски рестартирања на популарната видео игра, објавува „Вараети“.

Серијата моментално е во продукција и е базирана на класичната франшиза за видеоигри што обележа повеќе генерации гејмери. „Прајм видео официјално го одобри проектот во мај 2024 година, додека веста за ангажманот на Тарнер првпат беше објавена во ноември истата година.

Софи, која е позната по улогата во серијата „Играна на тронови“, со тоа станува најновата во низата познати актерки кои ја отелотворија Лара Крофт. Пред неа, познатиот археолог и акциона хероина ја играше на големото платно Анџелина Џоли во два филма на почетокот на 2000-тите и Алиша Викандер во 2018 година.

Покрај Тарнер, во серијата глумат и голем број познати имиња, вклучувајќи ги Сигурни Вивер, Џејсон Исак, Џек Бенон, Џон Хефернан, Бил Патерсон, Патерсон Џозеф, Саша Лус, Џулиет Мотамед, Селија Имри и Август Витгенштајн, додека Мартин Боб-Семпл се појавува во екипата во истакната улога.

Креативниот правец на серијата го води Фиби Волер-Бриџ, која го потпишува проектот како креатор, сценарист и извршен продуцент. Чед Хоџ е извршен продуцент и ко-водител на серијата, додека Џонатан ван Тулекен ќе ги режира епизодите, а воедно ќе биде и извршен продуцент.

Првата видеоигра „Tomb Raider“ беше објавена во 1996 година, а Лара Крофт брзо стана глобална икона на женски акциони херои.

Новата серија треба да понуди свеж, помодерен пристап кон познатиот лик, почитувајќи ја богатата историја на франшизата што се протега речиси три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот