ФОТО | Продуцентите од „Симпсонови“ објавија цртеж: „Важно е да се одбрани слободата“

Продуцентите на анимираната серија „Симпсонови“ на социјалните мрежи споделија цртеж на познато семејство како држи украински знамиња, во знак на солидарност со земјата која беше нападната од Русија. Извршниот продуцент на серијата Ал Жан изјави дека ваква реакција на политичките настани не се случува „многу често“, но дека е важно „да се биде внимателен за да се одбрани слободата“.
Цртежот, нацртан од долгогодишниот аниматор и режисер Дејвид Силверман, ги прикажува членовите на семејството Симпсон како држат украински знамиња со сериозни изрази на лицето.
#TheSimpsons #Simpsons #Ukraine pic.twitter.com/aWvgTUGJKP
— The Simpsons (@TheSimpsons) February 26, 2022
Цртежот доаѓа откако се прошири веста за епизодата од серијата од 1998 година во која се предвидува воениот конфликт.
Култните „Симпсонови“ многупати досега „предвиделе“ многу важни настани во светот во нивниот наратив, а корисниците на социјалните мрежи сега се убедени дека популарната серија ја предвиде и руската инвазија на Украина.
ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?