ФОТО | Приказна со среќен крај: Лисица преживеала возејќи се заглавена под хаубата на возило за достава
Една млада лисица преживеала неверојатна авантура откако завршила заглавена во моторниот простор на возило за достава на „Амазон“, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Уплашената женка лисица била забележана од шокираниот возач дури откако го каснала кабелот, предизвикувајќи трепкање на предупредувачкото светло на контролната табла.

Возачот потоа застанал и ја отворил хаубата, каде што открил дека животното е заглавено во жешкиот мотор за време на неговиот пат за достава.
Тој веднаш ја контактирал службата за спасување животни, па спасувачите од оваа организација го извлекле исплашеното животно со помош на специјални фаќалки.

По спасувањето, малата лисица била префрлена во ветеринарната клиника на преглед.
И покрај ужасното искуство, ветеринарите рекле дека нејзините повреди биле за среќа мали: исекотина на опашката, мала изгореница на задната нога, како и оток и модринки на мала површина. Таа била третирана со антибиотици, а исто така доби и терапија против болви и шуга.


