Фото: Собрание

ФОТО | Преку изложба и портрет е оживеан споменот на Борис Трајковски во Собранието

Со звуците на државната химна и свечената атмосфера во Собранието, денеска започна настанот посветен за оддавање почит на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, а потоа во холот пред пленарната сала беше отворена и изложба со негови фотографии.

„Трајковски е државник, чиј лик и дело оставија длабока трага во современата македонска историја“, рекоа од Собранието.

Негов портрет откри претседателот на законодавнит дом, Африм Гаши, а на свеченоста присуствуваа членови на семејството на Трајковски, негови пријатели и соработници, пратеници и многубројни гости.

Фото: Собрание

„Ова не е само омаж на еден претседател, туку и кон вредностите што ги застапуваше Борис Трајковски – мирот, толеранцијата, дијалогот, човечноста“, рече Гаши.

Фото: Собрание

Портетот на Трајковски го наслика авторката Валбона Атанасовска, која рече дека ѝ е преголема чест што ја добила оваа можност. Таа и претходно имала насликано друг потрет за еден од претседателите на Собранието.

Во чест на поранешниот претседател беше отворена и изложбата „Животот и делото на Борис Трајковски низ фотографии“, која преку избрани архивски фотографии ги доловува неговиот животен пат, политичката дејност и трајното наследство што го остави зад себе. Изложбата ќе биде отворена до крајот на јуни, а веќе денеска група ученици имаа можност да ја видат по отворањето. Другите фотографии се од неговата инаугурација кога станува претседател, од државничките посети…

Фото: Собрание

Од Собранието посочуваат дека овој чин претставува симболична, но искрена почит кон вредностите што Борис Трајковски ги живееше и ги застапуваше – меѓусебно разбирање, демократско општество и европска визија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот