ФОТО | Празнична магија со Ана Ивановиќ: „Таен Дедо Мраз“ со пријателките
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот инстаграм-профил сподели како си поминала доодека правеле „Таен Дедо Мраз“ со пријателките.
Препорачано
View this post on Instagram
Во заводлив стајлинг, Ивановиќ насмеaна позираше покрај елката. За оваа пригода таа избра краток бордо фустан со светки, црни хулахопки и црни штикли. Модната комбинација ја надополни со исфенирана коса со благи бранови и едноставна шминка, при што особено го истакна црвениот кармин. Краткиот фустан ја нагласи нејзината витка фигура, а во добро расположение, Ивановиќ на една од фотографиите позираше и со две пријателки.


Нејзината објава предизвика многу позитивни реакции, а некои од коментарите гласеа: „Секој ден се послаба и поубава“, „Навистина си преубава“, „Секогаш позната по добрина, убавина и интелигенција“.
Инаку, Ивановиќ неодамна поднесе барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастиан Швајнштајгер. Според извори за американскиот магазин „Билд“, поранешниот пар не сака да се сретне на суд и целта им е разводот да биде завршен што побрзо.


