ФОТО | Повторно се појави инстаграм профилот на Меланија Трамп како прва дама на САД
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори, на Инстаграм повторно се активираше профилот на Меланија Трамп како прва дама на САД.
Препорачано
Тој профил беше отстранет, или архивиран, откако семејството ја напушти Белата куќа кога Доналд Трамп ги загуби изборите од Џо Бајден.
Сега тој повторно се појавува со пребарување на платформата каде што го следат 4,8 милиони луѓе. Профилот се вика @flotus45, но наскоро се очекува името да биде @flotus47, со оглед на тоа што Меланија ќе биде 47-та прва дама на САД.

„Првата дама М. Трамп е архивирана. Ова е архива на профили на администрацијата на Трамп што ја одржува Националната администрација за архиви и записи (НАРА)“, се вели во описот на профилот.
Приватниот профил на Меланија го следат над два милиони луѓе и таа е активна таму во последните години, додека не беше прва дама.
Кога Доналд Трамп победи на претседателските избори во 2016 година, Меланија стана првата дама на САД. Тоа беше само втор пат во историјата жена родена надвор од САД да стане прва дама на земјата.
Првата беше Луиза Адамс, сопругата на шестиот американски претседател Џон Квинси Адамс. Меланија сега ќе биде на оваа позиција по втор пат.


