ФОТО | Порасна ќерката на покојниот актер Пол Вокер: Медоу Вокер влезе во светот на модата

Големите дизајнерски имиња редовно се обидуваат да ја изненадат јавноста со некое специјално шоу по повод презентацијата на своите нови колекции. На актуелната модна недела во Париз, овојпат тоа го направи модната куќа „Givenchy“, на чело со новиот креативен директор Метју Вилијамс.

Честа да ја отвори неговата ревија ѝ припадна на 22-годишната ќерка на починатата холивудска ѕвезда Пол Вокер. Младата Медоу Вокер е новата ѕвезда во светот на модата, на која многумина ѝ предвидуваат блескава кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Ќерката на покојната ѕвезда на филмската франшиза „Брзи и безни“,  посериозно почнала да се занимава со ангажмани како модел од 2017 година, а денес е заштитно лице на познатата модна агенција „DNA“.

Вокер модната писта ја делеше со познатите модели на денешницата, како Бела Хадид и Џордан Дан, а колку е почестена и среќна за нејзиниот најнов моден ангажман сподели на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Во својата објава на „Инстаграм“, 22-годишната девојка му се заблагодари на дизајнерот Метју Вилијамс за довербата.

Ревијата, како и многу други, се одвиваше без публика заради глобалната пандемија, што воедно ја охрабрило и ѝ ја намалило вознемиреноста на младата дебитантка.

Ѕвездата на филмската франшиза „Брзи и безни“, Пол Вокер, загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013 година на 40-годишна возраст, само неколку недели откако неговата ќерка Медоу наполни 15 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Таа поголемиот дел од своето детство го поминала со својата мајка, која живеела на Хаваите, а една година пред смртта на нејзиниот татко, решила да се пресели кај него во Калифорнија.

Освен што го одржува споменот на нејзиниот татко преку фондацијата Пол Вокер, Медоу редовно му оддава почит и на социјалните мрежи објавувајќи заеднички фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот