Фото: Дејан Проданоски / Фејсбук

ФОТО | Гореше прилепската депонија кај селото Алинци

Пожар избувнал денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што интервенирале пожарникарите и неколку други служби.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по добиената информација на местото на настанот пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и неколку општествено одговорни компании.

Фото: Дејан Проданоски / Фејсбук

Според Проданоски, пожарот попладнето е ставен под контрола, а екипите продолжуваат со активности за целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.

Тој апелираше до граѓаните да не шират непроверени информации на социјалните мрежи, туку да ги следат официјалните соопштенија од надлежните институции, со цел да се избегне непотребна паника.

Поради безбедно одвивање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемено присуството и контролата на сообраќајната полиција.

Проданоски рече дека настанот уште еднаш ја потврдува потребата од трајно и системско решение за управување со отпадот, односно изградба на регионална депонија со современи стандарди, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Жител од Старо Нагоричане предизвикал пожар на туѓ имот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот