ФОТО | Сите сакавме црна кожена јакна, сѐ додека не ги видовме овие кафени модели – новиот пролетен хит
Кафената кожна јакна оваа сезона сѐ почесто ја презема улогата на класик што долго време ѝ припаѓаше на црната верзија. Делува потопло, помеко и лесно се вклопува во пролетните комбинации, особено кога сакаме нешто што изгледа промислено, но не премногу строго.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Во понудата има модели со различни кроеви од пократки, структурирани јакни што убаво ја следат силуетата, до поопуштени варијанти кои даваат лежерен впечаток.
Токму таа разновидност ја прави кафената кожна јакна парче што лесно се приспособува на различни стилови и пригоди.

Особено добро функционира во комбинација со посветли тонови, џинс, бели кошули или лесни плетива, што ја прави идеална за преодниот период кога слоевитото облекување станува секојдневие.
Со едноставни парчиња изгледа елегантно, додека во комбинација со фустани или здолништа добива помодерен, урбан шмек.

Она што ја издвојува е фактот што делува доволно впечатливо и кога остатокот од комбинацијата е мошне едноставен. Добриот крој и квалитетната текстура често се сѐ што е потребно за изгледот да биде целосен.
Во продолжение издвојуваме кафени кожни јакни што особено ни го привлекоа вниманието и кои со задоволство би ги носеле во текот на целата сезона.





