ФОТО | Пејачот обвинет за силување се појави во јавноста првпат по две години: Мерилин Менсон не личи на себе

Фото: Профимедиа

Пејачот Мерилин Менсон (53) беше снимен оваа недела за првпат во јавност по речиси две години.

Музичарот беше уловен од папараците додека го напушташе ресторанот во Лос Анџелес каде вечераше со својата долгогодишна партнерка Линдзи Усич (37), а без шминката што вообичаено ја носи било тешко да се препозна, а добил и неколку килограми вишок.

Фото: Профимедиа

Пред две години, кога се ожени со Линдзи по осум години врска, Менсон престана да пие алкохол и оттогаш се здебели. За излегувањето на вечера со сопругата, Менсон избра комбинација во својата омилена црна боја, а во јавност изминатава година не се појавуваше поради серијата обвинувања за сексуален напад со кои се соочи минатата година.

Фото: Профимедиа

Поранешната девојка на Менсон, американската актерка Еван Рејчел Вуд, ја предводеше тужбата против контроверзниот пејач. Таа тврди дека Менсон ја принудувал на секс додека снимал еден од неговите  музички спотови, а потоа почнале да се појавуваат разни сведоштва и морничави приказни кои пејачот наводно им ги правел на своите жртви.

Фото: Профимедиа

Во февруари 2021 година, Вуд првпат изнесе обвиненија против Менсон, со кој почна да се забавува во 2006 година, кога таа имаше 18 години, а тој имаше 37 години. Двојката беше во врска четири години, а Вуд години подоцна се појави со обвинувања за сексуална и емоционална злоупотреба, иако таа само го именуваше Менсон како нејзин наводен злоставувач минатата година.

Мерилин Менсон и Еван Рејчел Вуд/Фото: Профимедиа

Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, е обвинет за сексуална и физичка злоупотреба од повеќе од 15 жени. Една од жртвите, неговата поранешна девојка Ешли Морган Смитлајн, го раскажала своето искуство и го тужела Менсон за сексуално злоставување.

ФОТО | „Ми рече дека ќе го силува син ми“: Нови обвиненија со морничави детали против Менсон

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот