Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

мерилин менсон
ФОТО: Инстаграм

Контраверзниот музичар Мерилин Менсон се предал на полицијата откако била распишана потерница за апсење за напад на снимателка, пишува „Mirror“.

Нападот врз снимателката се случил на неговиот концерт во август 2019 година. Тој бил обвинет затоа што плукањето се смета за „неовластен физички контакт“. Жртвата не била повредена, но дел од плунката на Менсон паднала на нејзината рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

Менсон му се предал на полицискиот оддел Гилфорд, а началникот на полицијата Ентони Бурпи изјавил дека пејачот по сослушувањето бил ослободен со кауција.

Адвокатот на Менсон претходно изјавил дека плунката на Менсон случајно завршила на раката на снимателката и дека таа за тоа побарала 35 илјади долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

„Тужбата беше поднесена откако снимателката бараше отштета од повеќе од 35 000 долари бидејќи мала количина плунка дојде во контакт со нејзината рака. Кога ја замоливме да ни достави докази, таа не одговори. Овие тврдења се глупости, но ние ќе соработуваме со властите како и досега“, изјавил во тој период адвокатот на Менсон, Хауард Кинг за списанието „People“.

И покрај тоа, тројца сведоци од концертот, вклучително и член на обезбедувањето, изјавиле за „People“ дека го виделе Менсон како „прчи муцки“ кон снимателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот