ФОТО | „Ми рече дека ќе го силува син ми“: Нови обвиненија со морничави детали против Менсон

мерилин менсон
ФОТО: Инстаграм

Познатиот музичар Мерлин Менсон им се заканувал на семејствата на жените кои го обвинија за сексуална злоупотреба, покажуваат судските документи до кои дошол „Дејли мејл“. Менсон наводно дури ѝ рекол на својата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд дека ќе има односи со нејзиниот осумгодишен син.

– Ја сфатив сериозно неговата закана, и тогаш, а и сега така ја сфаќам – рекла 34-годишната актерка, додавајќи дека тоа ја мотивирало да постави безбедносна ограда околу нејзиниот дом во Лос Анџелес, како и да вгради челична врата и прозорци од непробивно стакло. Како што рекла, таа има кучиња чувари и обезбедување ноќе.

Фото: Профимедиа

Еван Вуд ги покрена новите обвиненија против 52-годишниот Менсон како дел од тужбата со поранешниот партнер Џејми Бел за старателство над нивниот син Џек.

„Дури неодамна дознав дека Менсон бил вклучен во трговија со луѓе и сексуална експлоатација на малолетници во големи размери“, рекла актерка.

Претходно, Бел тврдеше дека неговата поранешна се преселила од Лос Анџелес во Нешвил за да го држи момчето што подалеку од него. Од друга страна, Еван Вуд истакнува дека сака да ја напушти Калифорнија поради стравот од Менсон.

– Многу се плашам од него, претрпев тешка, травматична физичка и душевна штета од неговите раце и се плашам дека ќе бара одмазда затоа што сведочев за се, и тоа така што ќе ме повреди мене, син ми и членовите на моето семејство. Моето искуство ми кажува дека тој е многу одмаздољубив и секогаш ми даваше до знаење дека ќе ми го уништи животот“, изјавила 34-годишната Еван Вуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Rachel Wood (@evanrachelwood)

Еван рекла и дека една од другите жртви на Менсон го снимила музичарот додека тој ѝ велел дека има фотографии од нејзините деца, како и нивните броеви за социјално осигурување.

„Имам се, тие се уништени и ќе бидат уништени“, наводно ѝ рекол тој на неидентификувана жена. „Знам каде се сите луѓе кои ми направија проблеми. Знам каде живеат, каде одат нивните проклети деца на училиште, каде работат, каде работат тие, каде работат нивните родители…“, додал тој, како што пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Актерката исто така откри дека е преплавена со смртни закани откако ги изнела обвинувањата против Менсон во февруари оваа година.

„Земи го Менсон од мене и ќе ти го одземам животот“, „Знаеме каде живееш“, „Јас сум доволно луд за да дојдам да те убијам“, се само дел од заканите што таа ги добила.

– Не можам доволно да нагласам дека не само една личност е ризик за нашата безбедност. Станува збор за комбинација на Менсон и на неговата мрежа на фанатици, кои како него се екстремни сатанисти, педофили и нацисти. Неговата мрежа на следбеници му помогнала да киднапира, злоупотребува и ритуално ги мачи луѓето, што вклучуваше врзување, камшикување, силување и принудување на луѓето да пијат крв“, рекла Еван.

Бел поднел тужба за да се обиде да го врати заедничкото старателство над нивниот син Џек, по „едностраната одлука“ на Еван да се пресели од Лос Анџелес во Тенеси.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот