ФОТО | Пејачката Татјана Лазаревска позира како вистинска Мерилин Монро

Татјана Лазаревска/Инстаграм
Татјана Лазаревска/Инстаграм

Нашата позната фолк пејачка Татјана Лазаревска која извесно време живее и работи во Мелбурн, Австралија, редовно споделува фотографии од себеси и семејството на социјалните мрежи.

Често можеме да видиме фотографии од нејзините релаксирани дружби, настани на кои пее, прошетки со сопругот и децата, но и фотосесии во кои Татјана изгледа како од насловните страници.

Последните објави на нејзиниот инстаграм-профил зрачат со сексипил. Имено, Татјана пред неколку дена го прослави својот 47ми  роденден и мора да забележиме дека изгледа прекрасно!

Таа прво сподели фотографија од плажата во Австралија каде одмара, облечена во црн костим за капење со бела кошула и доби коментари од своите следбеници дека „старее како добро вино“.

Потоа сподели постара фотографија од 2012, каде Татјана изгледа како вистинска „мерлинка“ во нежно син костим за капење и високи потпетици во розева боја. Таа позира пред камерите, а како што дознавме, фотосесијата е направена на Преспанското езеро. Македонска убавица, своја на своето.

Очигледно е дека за Татјана навистина нема зима – неа летото ѝе преодредено!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот