ФОТО | Парис Хилтон како принцеза од бајките: Секоја жена треба да има барем еден ваков фустан!

Фото: Профимедиа

Некои жени се облекуваат вака за црвениот тепих, а таа за обична вечера…

Познатата русокоса Парис Хилтон беше забележана синоќа кога пристигна во ексклузивен ресторан во Холивуд.

Поради фустанот што го носеше за оваа пригода, немаше шанси сите погледи да не бидат свртени кон неа!

Фото: Профимедиа

Долгиот плисиран розев фустан со потпис на модната куќа Валентино, со длабоко деколте загарантирано и го овозможи на Парис центарот на вниманието, а станува збор за крој кој одлично одговара на секоја жена бидејќи совршено ги камуфлира сите недостатоци на половината и бутовите.

Фото: Профимедиа

Заедно со фустанот што и го открива грбот, легендарната русокоса носеше и торбичка со крзно, по што е препознатлива.

Што се однесува до накитот, овој пат Парис се одлучи за раскошен дијамантски ѓердан и дискретни обетки.

Фото: Профимедиа

Дали ви се допаѓа нејзиниот избор на комбинација за вечера?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот