Памела Андресон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Памела Андерсон на насловната на „Пипл“ со драматична промена: „Малку шминка не би ѝ наштетила“

Легендарната актерка Памела Андерсон повторно е тема на јавноста откако одлучи да појави без шминка на насловната страна на престижниот магазин „Пипл“ со целосно нов изглед. Андерсон позираше за најновото издание на магазинот и ги изненади обожавателите со драстична промена на имиџот.

Наместо препознатливата долга руса коса, актерката се појави со краток боб и црвенкасти кадрици.

Од 2023 година, Памела ретко користи шминка кога ќе се појави во јавност, а и овојпат позираше целосно природна. Во интервју за магазинот откри дека нема ништо против шминката, но дека во минатото ја користела како „заштита“. Денес, вели, ја прифаќа својата природна убавина и во тоа наоѓа „нов облик на слобода“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

„Имам чувство дека го дешифрирав кодот“

„Не размислувам како изгледам. Создавам лик и некако сум во транзиција. Понекогаш ќе се погледнам во огледало и си велам: ’О Боже, кој е ова?‘ Но зар тоа не е забавно? Прекрасно е. Имам чувство дека го дешифрирав кодот. Изгледам како моите фотографии на Инстаграм“, раскажува Андерсон. Таа додава дека денес убавината ја гледа во „интересни и повозрасни лица“.

Иако истакнува дека убавината е субјективна, реакциите на публиката беа поделени.

„Ми се допаѓа ова, но фризурата не е добра“, „Малку шминка не би наштетила“, „Природно е супер, но, прости, ти треба нов фризер“, беа дел од коментарите.

Поддршка од фановите и емотивна порака од синот

Покрај критиките, пристигнаа и бројни пофалби. Фановите ја поздравија храброста на Памела да го прифати природниот изглед.

„Го обожавам ова! Толку сум горд на тебе. Ова беше неверојатна година“, ѝ напиша нејзиниот син Брендон.

„Те сакаме, Пем! Ти го отвораш патот за жените и славните личности да бидат она што навистина се“, „Ти благодарам што му покажуваш на светот она што одамна го знаеме — дека жените се прекрасни во сите години“, додадоа обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pamela Anderson (@pamelaanderson)

Повторно на големото платно

Покрај трансформацијата, Памела Андерсон активно се враќа и на актерството. Минатата година воодушеви со улогата во филмот „The Last Showgirl“, а неодамна се појави и во новата верзија на „The Naked Gun“ со Лијам Нисон. Моментално снима нов филм „Love Is Not the Answer“, во режија на Мајкл Сера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот