Павел Дуров - Фото: Инстаграм

ФОТО | Основачот на Телеграм, Павел Дуров изјави: „Со задоволство би го купил украдениот накит од Лувр“

Основачот на Телеграм, Павел Дуров, изјави дека со задоволство би го купил накитот украден од парискиот Лувр и би го подарил на Лувр во Абу Даби.

„Никој не краде од Лувр во Абу Даби“, напиша Дуров на платформата Икс.

Инаку Дуров, во март оваа година се врати во Дубаи. Тој беше уапсен во август 2024 година на аеродром во близина на Париз, по што против него беше поведена официјална истрага и му беше забрането да ја напушти територијата на Франција.

Дуров потврди дека поминал неколку месеци во Франција „поради истрага поврзана со активности на криминалци на Телеграм“.

„Постапката сè уште е во тек, но прекрасно е чувството да си дома“, изјави Дуров по враќањето и им се заблагодари на истражните судии што му дозволиле да ја напушти Франција.

Да потсетиме, крадци во неделата, на 19 октомври, провалиле во парискиот Лувр и украле осум парчиња накит што им припаѓале на француските царици. Грабежот го извршила група од четири лица, од кои две провалиле во музејот, пренесуваат француските медиуми.

Лувр е отворен во 1793 година и е еден од најпосетуваните музеи во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот