Прослава ГРК Охрид Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

ФОТО | Охриѓани им се поклонија на ракометарите за освоениот Европски куп

Охриѓани вчеравечер на градскиот плоштад ги поздравија ракометарите и стручниот штаб на ГРК Охрид кои во неделата го освоија трофејот во Европскиот куп.

Прослава ГРК Охрид Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Во нивна чест навивачката група „Рибари“ приреди пиротехничко шоу, додека од илјадниците грла ечеше „химната на охриѓани“ – „Лихнида кајче веслаше“.

Прослава ГРК Охрид Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

На присутните им се обратија Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, тренерот Борис Ројевиќ и градоначалникот Кирил Пецаков кои им се заблагодарија на охриѓани за поддршката во текот на целата сезона.

Прослава ГРК Охрид Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Историско славје за Охрид, трофејот од ЕХФ купот остана во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот