Фото: ГРК Охрид

Историско славје за Охрид, трофејот од ЕХФ купот остана во Македонија

Ракометниот клуб Охрид испиша историски успех, откако ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани триумфираа и во реванш-финалето против унгарска Татабања со 31-25, со што го потврдија европскиот трофеј и донесоа голема радост за македонскиот ракомет.

Со овој подвиг, Охрид се надоврза на минатогодишниот успех на Алкалоид во истото натпреварување, а воедно го освои и првиот европски трофеј во клупската историја.

Гостинскиот состав беше рамноправен во првиот дел и во неколку наврати имаше минимална предност, но домаќините на пауза заминаа со водство од 12-11. Охрид можеше да има и поубедлива разлика, но голманот на Татабања, Ариан Андо, беше во одлично издание и со серија важни интервенции го одржа својот тим во игра.

Клучниот момент беше на стартот од второто полувреме кога Охрид со силна серија од 5-1 создаде предност од пет гола (17-12), која се покажа како пресудна. Иако Татабања се обидуваше да се врати во натпреварот и успеа да намали на минус два, македонскиот претставник не дозволи неизвесна завршница и сигурно го приведе мечот кон историска победа.

Одлична партија одигра Косуке Јасухира, кој постигна девет погодоци, додека Стрмљан додаде шест, а Јагуриновски четири гола. На голот блескаше и Кристијан Пилиповиќ со 13 успешни интервенции, давајќи огромен придонес во европскиот триумф на охридскиот состав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот