Фото: Кајак Кану Арка-Борец Велес

ФОТО | Одличен настап на Арка-Борец Велес на Европскиот куп во кајак на диви води во Германија

Одличен ден имаше тимот на Кајак Кану Арка-Борец Велес на Европскиот куп во кајак на диви води – спуст во Фулда, Германија.

Македонските кајакари остварија одлични резултати кои можете да ги погледнете во продолжение:

– Љубомор Спасиќ стана шампион во категоријата УЕ 32&40

– Благој Гугинов кај јуниорите заврши на четвртото место, со минимално заостанување од само 0,18 секунди зад првопласираните

– Во тимската трка, Љубомир Спасиќ, Благој Гугинов и Јосип Слошњак, успеаја да се искачат на третото место на подиумот.

Како што најавија од клубот, в понеделник следува настап на класик трките, каде се надеваат на уште подобри резултати.

Фото: Кајак Кану Арка-Борец Велес
Фото: Кајак Кану Арка-Борец Велес
Фото: Кајак Кану Арка-Борец Велес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот