ФОТО | Oдиграна првата претстава на Бродвеј по затворањето поради пандемијата: Дозволен влез само за вакцинирани
Првата претстава на Бродвеј по затворањето на кината во Њујорк во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот беше изведена со задолжителен доказ за примена вакцина и задолжително носење заштитни маски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Pass Over“, модерна верзија на класичната драма „Чекајќи го Годо“, беше распродадена на првата проекција во театарот Вилсон во Менхетен.
View this post on Instagram
Според правилата објавени од театрите минатата недела, публиката, актерите и театарските работници мора да се вакцинираат и да носат заштитни маски на претстави што сега можат да се изведат со 100 проценти капацитет.
View this post on Instagram
Повеќето претстави на Бродвеј, вклучувајќи ги и мјузиклите „Хамилтон“, „Кралот лав“ и „Волшебникот од Оз“, треба да започнат да се прикажуваат во септември, откако кината се затворија во март 2020 година, кога пандемијата првпат го погоди Њујорк.
View this post on Instagram
Враќањето започна во јуни со соло изведба на Брус Спрингстин, „Спрингстин на Бродвеј“, пред ограничен број гледачи.


