„Мишелинов водич Белград 2026“ Ресторани - Фото: Инстаграм

ФОТО| Нови пет ресторани со препорака за Мишелин ѕвезда во Белград: Вреди да се посетат

Неодамна беше претставено новото издание наМишелинов водич Белград 2026“ (MICHELIN Guide Belgrade 2026), кое ја истакнува зрелоста и силата на гастрономската понуда во српската престолнина.

Во изборот се додадени уште пет нови ресторани, со што вкупниот број се искачи на 25. Ова е петтото издание од 2021 година наваму. Како резултат на инспекциите, доделен е и нов „Биб Гурман“ (Bib Gourmand), признание што се доделува за одлична и автентична кујна по прифатливи цени.

Новиот „Биб Гурман“ (Bib Gourmand) – „Бела Река“

„Бела Река“ е лоциран во Нов Белград, модерниот дел на градот. Ресторанот се издвојува со традиционална кујна со нагласок на месни и млечни специјалитети, како и блиската соработка со локални добавувачи, вклучувајќи и сопствена фарма. Простран, со топла и професионална услуга, како и жива атмосфера, овој ресторан продолжува да ја оправдува репутацијата.

Признанието „Биб Гурман“ (Bib Gourmand)  го задржуваат и двата добро познати ресторани:

„Исток“ (Istok), со возбудлива југоисточноазиска кујна и минималистички амбиент, и „Ива Нова балканска кујна“ (Iva New Balkan Cuisine), каде што владее современа и пријатна атмосфера. Гостите уживаат во традиционални српски рецепти презентирани во модерен стил.

Ресторани со една Мишелин ѕвезда

На врвот на изборот повторно се наоѓаат двата ресторани со по една ѕвезда:

„Лангуст“ (Langouste)

Сместен во историскиот центар и под водство на шеф Марко Ѓериќ, овој ресторан нуди современи интерпретации на локални производи преку прецизно изработени и елегантни рецепти.

„Фел де Сел“ (Fleur de Sel)

Лоциран во руралниот Нови Сланкамен, ресторанот ја оправда довербата со француски и сопствени специјалитети предводени од шеф Никола Стојаковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Experience Serbia (@serbiatourism)

Пет нови избрани ресторани

„Сувенир“ (Suvenir)

Сместен надвор од центарот, на сплав на реката Сава, овој ресторан нуди безвременска атмосфера и традиционални јадења како печени ракчиња и јадранска лигњи со компир. Елегантниот ентериер и професионалната услуга го збогатуваат искуството.

„Прајм“ (Prime)

Во рамки на хотелот Корн Плаза (Crowne Plaza), овој ресторан нуди светол и елегантен простор со самостоен гастрономски идентитет. Менито е доминантно медитеранско со италијански примеси – свежо подготвената паста е нивен специјалитет.

„Путер“ (Puter)

Името „Puter“ (путер) ја најавува нивната кујна инспирирана од француските техники и локалните српски вкусови. Модерено бистро со јадења подготвени по традиционални, често бавни методи на готвење, со исклучително убава презентација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PUTER FINE BISTRO (@puterbistro)

„С5 бај Енџи“ (S5 by Angie)

Раководен од младата и амбициозна шефица Анѓела Рисимиќ, ресторанот комбинира италијански дух и европски искуства. Равиоли со зајак и сос од печурки се пример за топлата и креативна кујна.

„Ресторан 27“ (Restoran 27)

Секој елемент – храната, услугата и амбиентот се внимателно осмислени со цел да остават одличен впечаток кај гостите. Менијата се инспирирани од класични вкусови со креативни акценти и референци кон Србија, но и кон италијанската медитеранска кујна.

„Мишелинов водич Белград 2026“ (MICHELIN Guide Belgrade 2026) – Накратко

2 ресторани со една Мишелин ѕвезда

3 ресторани со „Биб Гурман“ (Bib Gourmand) (еден ново додаден)

20 избрани ресторани (пет нови)

25 препорачани ресторани во целост (пет нови)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот