ФОТО | Нова година, нова Џиџи Хадид! Манекенката се одлучи за најтемната коса досега и најави голем моден тренд за 2026 година
Џиџи Хадид повторно покажа дека е една од оние модни икони кои без проблем можат да направат потег за кој ќе се зборува со месеци. Моделот, кој со години нè убедуваше дека нејзиното заштитно обележје е русата коса, сега направи комплетен пресврт во најдраматичниот можен правец. Наместо препознатливата медено руса, Џиџи се појави со коса боја на мастило, во варијанта која нејзиниот долгогодишен фризер Димитрис Џанетос ја нарекува „matte black mini-bob“.
Препорачано
View this post on Instagram
Новата фризура дебитираше на фотографии кои Џанетос ги сподели на социјалните мрежи, а Џиџи на нив е речиси непрепознатлива.
Краткиот боб, кој се протега точно под брадата, благо разделен на страна и стилизиран во „мокар изглед“ (wet look) со неколку прамени преку лицето, делува модерно и неверојатно шик.
Бојата е она што овој изглед го прави посебен – длабока, скоро црна, со студен, мат ефект. Џанетос откри дека токму тоа била водечката идеја: да се создаде црна која изгледа свежо и малку бунтовно. Според него, „matte black“ е „новата црна“ за 2026 година, џен зи верзија на темната коса која не носи топлина, туку изгледа графички чисто и моќно.
Иако многумина се прашуваат дали станува збор за трајна промена или само перика за нова кампања, едно е сигурно – Џиџи со овој потег ја погоди самата суштина на модните трендови кои ќе ја обележат 2026 година.
„Сакавме да направиме нешто што Џиџи никогаш претходно не го имала“, открива Џанетос. И успеале. Без разлика дали русата коса ќе се врати наскоро, „matte black mini-bob“ веќе влезе во модните архиви како еден од оние моменти кои ја дефинираат сезоната.


