ФОТО | Неприкосновена икона на стилот која има 100 години: Повеќе е повеќе, а помалку е здодевно

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Колекционерка, дизајнерка на текстил и неприкосновена модна икона, која себеси се нарекува „најстарата тинејџерка на светот“, а нејзината смисла за хумор ја обожуваме исто колку и начинот на кој таа се облекува.

Ајрис Епфел има 100 години ѝ е позната по шарените комбинации, пренагласениот накит и предимензионираните очила, а како што вели не се облекува за другите да ја забележат, туку за себеси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zenni (@zennioptical)


Родена е во Њујорк на 29-ти август 1921 година. Како што растела со нејзините баба и дедо во Бруклин и се појавил интерес за текстил откако видела голема количина на ткаенини кои нејзините постари роднини ги користеле за шиење предмети за добротворни цели.

Епфел и нејзиниот покоен сопруг Карл, кој живеел до 100-та година, го поседувале брендот за текстил „Old World Weavers“ од 1950 до 1992 година. Повеќе од 4 децении, оваа двојка работела за девет администрации на Белата куќа, од Хари Труман до Бил Клинтон, со што Ајрис го добила прекарот „Прва дама на ткаенините“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)


Познатото модно правило „помалку е повеќе“ не важи во случајот на Ајрис Апфел, а вели дека смислата за хумор е неопходна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

„Не мислам на „ха-ха“ смисла за хумор, туку на способноста да ги воочите тие мали нешта и да сфатите колку се бесмислени и колку не обрнуваме внимание на важните работи. Како што можете да забележите, јас не сум минималист, сакам разни нешта. Уживам да ги вклопувам“, вели Ајрис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

Во продолжение, прочитајте некои од најинтересните цитати на кралицата на ексцентричниот стил.

 „Подобро е да бидете среќни отколку добро облечени“.

„Секогаш велам, облекувајте се за себе, а не за останатите“.

„Кармин – колку поцрвен, толку подобар“.

„Исклучоците ги потврдуваат правилата. Поради тоа не сакам правила“.

„Да работите по свое е најдобрата работа на светот. Ако имате што да правите“.

„Ако фризурата ви е тип-топ и имате добри чевли, мќе се извлечете од било што“.

„Ако не се облекувате како останатите, не морате ниту да размислувате како нив“

„Повеќе е повеќе, а помалку е здодевно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот