Холивудската миленичка стана заштитно лице на еден бренд кој се занимава со продажба на додатоци за исхрана…
Американската актерка Џенифер Анистон (51) ја покажа својата совршена фигура, затегнатото тело и неверојатниот изглед од кој сите останаа подзинати.
Имено, Џенифер се фотографираше за новата кампања на компанијата „Vital Proteins“ во спортски топ и хеланки, а во таа прилика ја покажа својата завидна фигура на која можат да и позавидат и двојно помладите колешки.

Иако е во педесеттите години Џенифер изгледа барем 15 години помладо. Таа сега е посветена на промоцијата на здрав живот – тренинзите и здравата исхрана.
Таа неодамна стана заштитно лице на познатиот бренд и покажа неколку јога потези кои секојдневно ги применува со цел да го одржи своето тело во кондиција.
– Толку сум возбудена што конечно објавувам дека им се придружувам на витал протеините како главен креативен директор, започна Анистон во описот на една фотографија.

– Пред неколку години започнав да ги користам овие витамини, а сега имам прилика да бидам дел од овој бренд на подобар начин, па токму затоа веднаш ја прифатив понудата, додаде таа.
– Отсекогаш бев заговорник на велнесот и многу сум среќна што можам да споделам со сите колку е важен колагенот. Нашата сила започнува одвнатре, па токму затоа избрав добра исхрана и вистински суплементи за почетокот на својот ден, напиша таа.

– Сакам авокадо, кокосово масло, лосос, рибино масло, заклучи Анистон и откри со што се храни секојдневно.