ФОТО | Најубавата жена на светот плени со својата едноставност: Моника Белучи знае како да го шармира светот

Моника Белучи/Профимедиа
IPA / Sipa Press / Profimedia

Италијанската актерска дива Моника Белучи иако е во шесттата деценија од животот, изгледа заносно и сосема природно со секое нејзино појавување во јавноста.

Овој пат ја воодушеви публиката на Филмскиот фестивал во Торино, каде ја доби наградата „Stella della Mole“.

Моника Белучи/Профимедиа
IPA / Sipa Press / Profimedia

Моника е позната по својот дискретен стил, а со години наназад бира темни или црни комбинации на облека, едноставни кроеви, а ретко некогаш може да се види во светли или јарки бои. Така беше и овој пат, кога таа избра одличен припиен црн фустан со потписот на Долче и Габана, крој кој му пркоси на било кој тренд и наметливи модни избори.

Моника Белучи/Профимедиа
Моника Белучи/Профимедиа

И покрај зрелата возраст, Моника изгледа целосно природно и се чини дека за разлика од нејзините колешки, таа е против предизвикот на естетската хирургија. А ако нешто има направено на своето лице, можеме само да кажеме дека воопшто не се забележува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот