ФОТО | „Најтажната принцеза на светот“ се огласи од клиниката: Шарлин има причина за среќа!

Wikipedia

Принцезата Шарлин од Монако, во јавноста позната и по титулата „најтажната принцеза на светот“, конечно се огласи откако беше примена во една установа за клиничка психологија, поради „емоционална и физичка исцрпеност“.

Принцезата денес објави на инстаграм-профилот фотографија од своите близнаци, Габриел и Жак, кои го прославија својот седми роденден. На објавата стои напишано:

„Среќен роденден мои бебенца. Фала ти Боже што ме благослови со овие прекрасни деца. Ве сака мама“.

На фотографијата се гледа како близнаците дуваат свеќички на тортата во облик на бројот седум, во просторија украсена со балони и роденденски украси.

„Најтажната принцеза“ го доби овој прекрар поради своите тажни очи и поглед низ бројните појавувања во јавноста, но и поради фактот дека секогаш е воздржана од насмевки. Принцот Алберт минатиот месец откри дека неговата сопруга била примена во психијатриска установа откако се врати од Монако. Таа беше 10 месеци во својата родна земја во Јужна Африка.

ФОТО: Шарлин се врати дома: Пресреќна сум што го имам семејството покрај мене

Принцезата Шарлин, далеку од Монако му ја честитала 10-годишнината од бракот на Алберт

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот