ФОТО | Најскапиот уметник на денешницата, Дејмиен Херст ќе запали 5.000 свои слики

Фото: Профимедиа

Славниот и контроверзен уметник Дејмиен Херст на 9 септември ќе ја организира изложбата „The Currency“ (Валута) во галеријата „Њупорт стрит“ во Лондон, каде според неговото ветување од пред една година, ќе ги запали своите слики кои ги пренаменил во NFT (незаменливи токени).

Фото: Профимедиа

Пред една година, Херст најави дрзок план за „предизвикување на концептот на вредност преку пари и уметност“, принудувајќи ги купувачите на неговиот проект NFT да одлучат помеѓу поседување физичко уметничко дело или дигитален токен кој е поврзан со него. Сега Херст на својот твитер-профил го објави конечниот резултат, пишува „Артњуз“.

Уметникот продаде 10.000 од неговите дела како NFT, а на купувачите им даде една година да одлучат дали сакаат да ги задржат токените или да ги разменат за физичка верзија. Кога пред неколку дена истече рокот, резултатот покажал 5.149 луѓе кои се одлучиле за „вистински“ слики, а останатите 4.851 дело биле „осудени“ на палење.

Изложбата „Валутата“ опфаќа голем број слики со точки, кои Херст почна да ги создава во 2016 година.


Значи, дали NFT се иднината? Не, според учесниците во овој конкретен експеримент.

Дигиталните токени се продадени преку систем на лотарија за 2.000 долари. Секоја слика со точки е насловена врз основа на омилените песни на уметникот: „Totally Gonna Sell You“, „Laugh in our faces“, „This old art: You’re always so interesting“ и „Where the money was yesterday“. Не се постојат две исти бои користени во уметничките дела, а во секоја уметникот втиснал микро холограм од својот лик.

Помеѓу 30 јули и 31 август 2021 година, само еден месец од почетокот на проектот, 2.036 продадени дела донеле неверојатни 47 милиони долари. Но, во текот на преостанатите 11 месеци „Валутата“ опаѓала, при што и минималните цени и обемот на тргување биле сè пониски. Во пролетта оваа година падна „крипто зимата“ и некогаш растечкиот пазар на NFT опадна. До јули 2022 година, мега-платформата OpenSea отпуштила 20 отсто од својот персонал. Во јуни 2022 година се случија само 170 продажби на „Валутата“, што донело 1,4 милиони долари.

Фото: Профимедиа

Во пресрет на истекот на рокот, сопствениците на „Валута“ дебатирале за предностите на двата медиуми. Едни сметале дека NFT вклучува „многу побрза и полесна продажба“, како и „трка што ја одржува возбудата“. Недостатоците, како што истакнале, се токму во променливиот пазар. Севкупно, проектот на Херст остварил продажба од околу 89 милиони долари.

Уметничкото дело „Физичката невозможност на смртта во умот на некој жив“ го направи втор најскап жив уметник на денешницата, а во јуни 2007 година, Херст стана најскапиот жив уметник на денешницата со продажбата на „Бајковитата пролет“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот