ФОТО | Најпознатата југословенска глумица на фотографија како малечка: Ги украде срцата на твитер корисниците

Мира Фурлан/Printscreen/Twitter
Мира Фурлан/Printscreen/Twitter

Една од најпопуларните актерки во поранешните југословенски простори беше омилена на публиката и уживаше голема слава, но прерано го напушти овој свет, кога во 2021 почина од компликации од западнонилски вирус.

За неа воздивнуваа многу машки срца, а глумеше во многу домашни филмови. Откако замина за Америка, оствари неколку улоги преку кои здоби и светска слава, а најпозната беше во улогата во серијата „Lost“.

Родена е во Загреб, а малкумина знаат дека беше и дел од рок групата La Cinema. Кон крајот на деведесетите, со сопругот Горан заминува за Америка. Во Лос Анџелес сними и музички албум.

Дали ја препознавате глумицата? На Твитер еден корисник ја сподели фотографијата од неа и навистина, ова слатко девојче привлече внимание. Се работи за Мира Фурлан.

Некои од коментарите се полни воодушевеност дека Мира воопшто не го променила својот „израз“

„Неверојатно. Таа е иста, дури и носот го задржал истиот изглед“

„Колку слатко девојче“

„Таа беше и остана една од најубавите лица на филмот“

Годинава по повод годишнината од нејзината смрт, сопругот Горан официјално објави дека нејзината автобиографија ќе биде дистрибуирана за јавноста. Во книгата Мира Фурлан отворено зборува за нејзината положба како актерка – странец во друга земја, но и многуте емотивни состојби кои ги пребродувала низ филмските искуства.

ФОТО | Автобиографијата на Мира Фурлан ќе биде наскоро објавена: Трогателни редови посветени на нејзиниот син…

Од вирусот Западен Нил, кој беше кобен за Мира Фурлан, само 1% од луѓето развиваат тешки симптоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот