ФОТО | Му дојде крајот на дивиот паркинг покрај булеварот „Гоце Делчев“
Еден ден откако „Слободен печат“ информираше за узурпираниот тротоар покрај булеварот „Гоце Делчев“, од почетокот на подвозникот сместен под плоштадот „Скендербег“ па сè до мостот „Гоце Делчев“, што веќе некое време беше користен како див паркинг, екипа на ЈП „Градски паркинг“ постапи и ги отстрани возилата кои целосно го „опседнаа“ тротоарот.
Препорачано

Оттаму информираа дека освен тоа што нелегално паркираните возила биле отстранети, на импровизираните влезови за овој „паркинг“ биле поставени метални столбови со што од сега се забранува пристапот на возила на оваа локација, која после долго време ќе ја има својата основна функција – да им служи на пешаците.
„Да ве информираме дека на локацијата е забранет пристап и таму постапуваше екипа на ЈП „Градски паркинг“, каде освен тоа што беа отстранети возилата, поставени се и столпчиња за забранет влез. Воедно ви благодариме за известувањето и секогаш сме отворени за сугестија и критика“, велат од претпријатието.
Дивиот паркинг кај подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ невидлив за надлежните


