ФОТО | Може да престојувате во хотел на 419 метри под земјата: Една вечер чини 550 фунти

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

Во одамна напуштен рудник направен е подземен хотел наречен „Deep sleep“(„Длабок сон“), за кој се тврди дека е најдлабоката точка за ноќевање на светот, пишува „Би-би-си“.

Гостите се поканети да престојуваат на 419 метри под земјата, под планините Сноудонија во Велс, во една од четирите приватни кабини со два кревети или посебниот апартман со брачен кревет, трпезарија и едноставен тоалет.

Фото: Instagram/ Go below

Оваа подземна дупка, во која престојот ќе ве чини околу 550 фунти, е поставена длабоко во напуштениот рудник и може да се пристапи само преку „стрмна и предизвикувачка“ рута. Од компанијата „Гоу билоу“ („Go Below“) велат дека патот не е за оние со слабо срце. За да го искусите ова необично доживување, потребно е да пешачите два часа и потоа да се спуштате со јаже.

Фото: Instagram/ Go below

Хотелот е отворен само една ноќ неделно – сабота навечер. Искуството на гостите започнува во 17 часот во базата на компанијата „Гоу билоу“ („Go Below“), каде што се среќаваат со водичот што ќе ги води до хотелот.

Фото: Instagram/ Go below

Водичот ги информира гостите за животните приказни на мажите и момчињата, кои работеле во рудникот, додека се во искчекување да пристигнат во хотелот. Персоналот преноќува во хотелот, заедно со гостите, а ова задоволство завршува следниот ден во осум часот со појадок од „едноставни закуски“ и топол пијалок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот