ФОТО | Милијардер се ожени со 26 години помлада готвачка, им пееше Лејди Гага

Фото: Профимедиа

Милијардерот Алан Хауард минатиот викенд се ожени со својата партнерка Керолајн Бајрон во една од најелитните вили на италијанското езеро Комо, каде притоа собра група богати и славни луѓе кои не сакаа да го пропуштат овој отмен настан на сезоната.

Фото: Профимедиа

Британската и светската елита се собра минатиот викенд на езерото Комо, во една од тамошните раскошни вили, за да сведочат на свадбените завети на 33-годишната готвачка Керолин Бајрон и 59-годишниот милијардер Алан Хауард.

Двојката се подготвувала за обновување на заветите на отворено, во градините на вила Олмо од 18 век. Невестата блескала во раскошна бела венчаница со долг вел, додека младоженецот се одлучил за син костум, а церемонијата била направена според еврејските обичаи.

Фото: Профимедиа

Хауард, кој во 2013 година беше прогласен за еден од највлијателните луѓе во инвестицискиот бизнис од страна на престижниот „Форбс“, а една година подоцна беше на 53-то место на најбогатите во Британија, ги собра своите деловни партнери, влијателни и славни, во Комо. На венчавката се појавија многу елегантно дотерани бројни милијардери, а младенците во отмено уредената вила ги забавуваше ни повеќе ни помалку туку Лејди Гага.


Двојката граѓански се венчаше во 2020 година, но поради пандемијата со коронавирусот ја оставија својата прослава за некои подобри времиња, кои сега ги дочекаа. Заедно имаат едногодишна ќерка. Керолајн е многу позната готвачка на безглутенска храна.

Фото: Профимедиа

Оваа успешна Американка се заинтересирала за безглутенска храна уште на рана возраст, кога и самата била принудена да се префрли на овој тип на исхрана поради здравствени проблеми. Ги напуштила студиите во Бостон и се преселила во Франција каде дипломирала престижно кулинарско училиште, а потоа започнала свој блог кој денес има неколку стотици следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Byron (@simplycaro)


Пред Керолајн, британскиот милијардер беше во долгогодишен брак со Сабина, со која има четири деца, а од која се разведе во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот