Меган Маркл/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО | Меган Маркл објави неодолива фотографија со малата Лилибет и го честиташе Меѓународниот ден на жената

Меган Маркл одлучи да го одбележи Меѓународниот ден на жената на најнежен можен начин – оддавајќи почит на својата ќерка Лилибет, со прекрасна фотографија направена од никој друг, туку од принцот Хари.

Војвотката од Сасекс го прослави овој глобален ден, кој ги слави достигнувањата на жените и го привлекува вниманието кон женските права и родовата еднаквост, објавувајќи фотографија на која ја прегрнува својата четиригодишна ќерка на плажа.

На идиличната фотографија, 44-годишната Меган, облечена во син фустан-кошула и капа на главата, ја прегрнува својата ќерка облечена во розова боја. Двете седат на карпа и гледаат кон океанот.

Меган Маркл и ќерката Лилибет / Фото; Instagram / meghan

Интересно е што Меган му ја припиша заслугата на својот сопруг, принцот Хари за оваа фотографија, кого таа со љубов го нарече „папа Сасекс“ (тато Сасекс) во објавата.

– За жената која еден ден таа ќе стане… Среќен Меѓународен ден на жената – напиша Меган покрај фотографијата.

Сепак, зад овие идилични семејни сцени лежи прилично турбулентен деловен период. Имено, изминатиов период Меган претрпе голем удар врз нејзиниот бренд „Како и секогаш“, бидејќи стриминг гигантот Нетлфикс одлучи да ја прекине соработката со нејзиниот бренд за животен стил.

Меган Маркл и принцот Хари го следеа Ол-стар натпреварот во друштво на Квин Латифа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот