Фото: Изет Меџити / Фејсбук

ФОТО: Меџити и Фетаи ја пречекаа албанската министерка, македонско знаме немаше

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на „Фејсбук“ објави фотографии од настан со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, кој се одржа вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Меџити е заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи и други претставници на владејачката коалиција на партии на македонските Албанци, „Вреди“. На објавените фотографии може да се видат десетици знамиња на Албанија (во рацете на деца-играорци), но не и македонското државно знаме. Доколку тоа некаде било истакнато и фотографирано, Меџити тие фотографии не ги вклучил во објавата.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Во објавата, Меџити наведува дека заедно со Спиропали положиле цвеќе кај бистата на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, на плоштадот што го носи неговото име, истакнувајќи почит кон „заедничката историја“ и кон фигурата која, како што пишува, го симболизира албанскиот идентитет, отпорот и единството. Според неговите зборови, моментот бил потсетник дека националните вредности треба да останат водилка и денес, во време на нови предизвици и одговорности.

Фото: Изет Меџити / Фејсбук

Меџити додава и дека со таа „духовна порака се продолжува градењето мостови на соработка и се зајакнуваат врските меѓу државите и политиките“.

Албанија сега од повисока позиција нè охрабрува на нашиот пат кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот