ФОТО | Луксуз на четири ката: Како изгледа станот на поранешната љубовница на Путин

владимир путин
Владимир Путин/ Фото: ЕПА

Наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, Светлана Кривоногих, изнајмува луксузен стан на четири ката во Санкт Петербург, според истрагата на медиумите, пренесува „Москва Тајмс“.

Рускиот сервис на Би-Би-Си го откри списокот на веб-страницата на германската луксузна брокерска куќа „Engel & Volkers“. Во огласот е наведена цената на „Резиденцијата на островот Камени“, одморалиште од 19 век за членовите на царското семејство, од околу 700.000 рубли или 8.700 долари месечно и дополнителни 1.130 долари за комунални услуги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tele Real RD (@telerealrd)


Светлана првпат беше јавно поврзана со Путин во 2020 година, кога истрагата на независната медиумска страница „Проект“ утврди дека оваа поранешна чистачка има имот вреден 100 милиони долари и дека е мајка на вонбрачната ќерка на Путин, Елизавета „Луиза“ Ростова, пренесува „Москва тајмс“.

Рускиот сервис на Би-Би-Си соопшти дека Светлана купил стана на островот Камени во 2004 година, една година по раѓањето на нејзината ќерка.


Станот е купен преку офшор компанија со седиште на Девствените Острови. Компанијата беше затворена по завршувањето на купувањето.

Се поставуваат прашања како една жена со скромно потекло купила стан во зграда која се рекламира како „најбарана од најбогатите во светот“.

Рускиот сервис на Би-Би-Си објави дека првпат наишол на оглас за изнајмување на овој стан, кој во моментов е преценет на 300 милиони рубљи, односно 3,7 милиони евра, на популарната руска платформа за недвижности во 2021 година.

Огласот  беше симнат откако беа направени обиди да се контактира со Светлана Кривоногих и брокерската куќа „Engel & Volkers“.

Фотографиите од внатрешноста на станот го открија она што еден експерт го опиша како враќање на постсоветскиот сјај на дизајнот на ентериер. На првиот кат има дневна соба и тераса со поглед на реката Нева и лифт кој ги поврзува сите четири ката.

На вториот кат има позлатена спална соба и детска соба, а на третиот кат има шанк и домашно кино. На приземје има гаража и соби за возачот и чуварите.

Koja e Светлана Кривоногих?

Светлана, според некои руски медиуми, била љубовница на тогашниот политичар во подем Владимир Путин. Руската истражувачка веб-страница „Проект“, еден од ретките независни медиуми во Русија, исто така тврди дека Светлана родила ќерка во 2003 година и дека Путин е татко на детето. Кремљ ниту демантираше, ниту потврди, бидејќи рускиот претседател одбива да зборува за својот приватен живот.

Путин и Кривоногих наводно се зближиле кон крајот на 1990-тите. Во тоа време Светлана работела како чистачка и живеела во социјален стан во Санкт Петербург. Откако го запознала Путин, се преселила во ексклузивна вила во тој град. Нивната врска заврши кога Путин почна да се гледа со гимнастичарката Алина Кабаева, која сега е претседател на медиумска компанија блиска до Кремљ.

ФОТО | Љубовницата на Путин, Алина Кабаева се појави во јавноста

ВИДЕО | „Ако ти бев мајка, ти ќе беше многу сакан“: Бизарно обраќање на актерка кон Владимир Путин

Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот