ФОТО | Лична семејна приказна на Јована Стојменовиќ, водителката изненади
Јована Стојменовиќ ретко споделува лични и семејни приказни, а една таква е објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Препорачано
Водителката на утринската програма „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител го покажа своето семејство: мајка ѝ, таткото и сестрата Бојана на која со оваа објава ѝ го честиташе роденденот. Не може да се препознае на кого повеќе личи убавата водителка, но најважното што се гледа на сликата е блискоста на семејството.

Познатата водителка и новинарка изминатото лето го покажа својот татко, со посебен повод, а тоа е неговиот роденден.
Јована беше означена на една слика од плажа, со нејзината сестра со која многу си личат. Двете сестри, дел од минатото лето квалитетно го поминаа заедно, уживајќи на плажа со семејството.
Во едно интервју за „Слободен печат“, таа искрено зборуваше за свјот карактер и за животните одлуки.
„Секогаш гледам одлуките да ги донесувам сама, без влијание, а кога одлуките се мои, знам зошто сум ги донела, особено за нештата кои се под силен емотивен набој. Обично анализирам, не многу долго, со што располагам во даден момент како сознание, емоција, сопствено предвидување… и носам одлука. Подоцна, верувам дека тоа е така, затоа што не би можело никако поинаку, дури и да сум сакала да е. Веројатно, затоа не зажалувам. Она што би се посоветувала себеси, да можам да го вратам времето, е само во функција да си олеснев некои турбулентни случувања да не ги ставав на срце. Но, веројатно, така размислуваме сите подоцна или тоа она нешто што се нарекува зрелост, а ни доаѓа преку искуствата. Ако дојде“, рече Јована.


