ФОТО | Легендарен фустан која има своја „Wikipedia“ страница: Елизабет Дебицки го износе „одмазничкиот“ фустан на принцезата Дијана

дијана фустан
Фото: Принтскрин / Instagram

Тоа е совршен егземплар на „малиот црн фустан“, легендарно важен настап на женственоста во јавност, и – парчето облека кое има своја „Wikipedia“ страница.

Конечно дојде моментот во „The Crown“ кој многумина од нас го чекаа – претставувањето на еден од најиконичните модни моменти во модерната историја на англиското кралско семејство. „Одмазничкиот“ фустан на Дијана ќе засјае во сета своја јачина, а Елизабет Дебицки совршено ја пресликува токму таа сцена за која ништо помалку и не се очекува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OC ™ (@onlyclassy)

Додека континуирано излегуваат нови фотографии од драмата на Нетфликс, во која во најновите снимања се отсликуваат моменти кои се совршена реплика на покојната принцеза Дијана, последната сцена нè остава буквално занемени и замислени дали тоа е слика од реална или реципроцирана сцена.

Дијана на тој ден, 29 јуни 1994 година, се појави на забавата на „Vanity Fair“ (иако претходно ја имаше одбиено поканата) во можеби најубавиот мал црн фустан во историјата на јавни појавувања, а модниот израз криеше сериозно и историски важна приказна.

Откако беа „истечени“ детали за проблемите во кралскиот брак и за намерата на принцот Чарлс јавно да ја изјави својата афера со телевизиско емитување, токму таа вечер, принцезата Дијана реши дека можеби тоа е соодветен момент за моден ризик и тивка одмазда. Па на себе го стави црниот фустан од Кристина Стамболиан, изработен од оформувачка свила, кој таа самата го купи три години пред иконичниот момент. Фустанот имаше намера да ја претстави како црниот лебед на Чајковски, а прикажа колку лутина измешано со тага чуваше принцезата во себе, иако веќе две години неофицијално беа разделени со принцот.

И ќе излезе од автомобилот за да се појави на вечерата на „Vanity Fair“ изгледајќи како милион долари. И тоа ќе остане како изглед забележан во историјата како „фустанот за одмазда“. Која таа совршено и без ниту еден збор успеа да ја изведе.

Сцената во која Дебицки го доловува ликот на Дијана е подеднакво сцена за паметење, со совршеното пренесување на нејзините гестови, потези, а секако и изглед, кои кога ќе го погледнеме на слика нè остава во сомнеж за дали навистина е „копија“ или се работи за „оригиналот“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот