ФОТО: Лана Дел Реј конечно ни откри кој е нејзиниот вереник

Profimedia
Фото: XPUSNYC / Backgrid UK / Profimedia

Пејачката Лана Дел Реј откако ја раскина врската со полицаецот Шон Ларкин минатата година, очигледно веднаш се фрлила во потрага по нова потенцијална љубов. На крајот на летото, таа се запознала со кантри пејачот Клејтон Џонсон на апликацијата за онлајн состанување, а по тоа страстите меѓу нив се разгореле многу брзо.

На почетокот на нивното запознавање се заследиле и на Инстаграм, а нивните обожаватели веднаш го забележале тоа. Многу брзо, на својот инстаграм – профил Кјелтон објавил фотографија од стапалото на Лана, а фановите веднаш започнаа да коментираа дека знаат чие е затоа што е многу карактеристично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clayton Johnson (@claywatch)


Конечно и двајцата се охрабрија да ја прогласат врската за официјална, па пејачот објави фотографија на својот инстаграм – профил на која се бакнуваат, а под фотографијата напиша: „Happy birthday to me“. Имено, пејачот наполни 32 години, додека неговата свршеница е три години постара од него.

Дури неколку извори блиски до парот потврдија за списанието „People“ дека Лана и Клејтон се верени, а тоа беше очигледно поради масивниот веренички прстен што го имаше Лана за време на нејзиниот настап во шоуто на Џими Фалон. Покрај тоа, Клејтон неколку пати има јавно оставено флертувачки коментари на профилот на Лана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clayton Johnson (@claywatch)

Инаку, Клејтон е дел од музичкото трио „Џонсонс“ со своите браќа, а во бендот свири гитара. Бендот нема издадено песна од 2017 година, кога и последно го издадоа синглот „Call Whenever“.

Лана досега имала неколку неуспешни врски зад себе, со различни профили на мажи. Покрај тоа што била со полицаец, таа се забавувала и со шкотскиот пејач Бери – Џејмс О Нил и со италијанскиот фотограф Франческо Каросини.|

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот