ФОТО | Креација со симболична порака испишана на глаголица: Лидија Георгиева ја облече Првата дама за посетата на Папата

Instagram and Facebook Print Screen

Црн формален костим со долги ракави според строгите протоколи и вел со кој се покрива главатa и на кој со глаголица е испишана реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“ беше изборот на Првата дама Елизабета Ѓоргиевска.

Таа заедно со Претседателот Стево Пендаровски отпатува во Рим, по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј, за време на официјалната посета на Ватикан, нa аудиенција кај Папата Франциск.

Елегантниот костим со симболична порака е креација на истакнатата македонска дизајнерка, Лидија Георгиева, која која континуирано соработува со Ѓоргиевска за специјалните пригоди.

„Костимот е збогатен со стилизиран вез инспириран од орнаментиката на старословенските ракописи, поточно елемент од Псалтир со последование, коj датира од 16-ти век. Со стремеж за продолжување на традицијата во спој со современ дизајн, врвната естетика и духовен мир кои ги зрачи одбраниот елемент, заедно со комплицираноста на дизајнот на мотивот, значат креативен предизвик, но и огромна почит кон културното наследство

Како поддршка на локалното производство, повторно се работеше со домашни изведувачи, а за изработка на овој вез е користена компјутерска технологија.

Од посебно значење е и симболиката вметната во везот на велот, во кој е содржана реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“, испишана на глаголица. Ова е референца на настанот во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј.

„Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа?“ А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил: „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“, стои во деталниот опис на Георгиева за „Независен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот