ФОТО: Ковидот ми го уништи животот, имам проблеми со срцето, за лекови плаќам 6.000 долари

Кејт Ворт (33), во виралното видео кое неодамна го сподели на својот профил на ТикТок, им ја опиша на своите следбеници борбата против коронавирусот, но и пеколот што следувал дури откако добила негативен тест.

Кејт рекла дека пред да се зарази со ковид-19, била целосно здрава, но сега мора да зема терапија со лекови, така што за своите медицински трошоци плаќа 6.000 долари. Таа истакнала дека квалитетот на нејзиниот живот значително се влошил и дека го снимила видеото за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат, пишува „Базфид“.

– Се разбудив на 9 септември со треска, а температурата ми беше 40 степени. Ги трпев најлошите болки во телото што некогаш ги имам доживеано. Не можев ниту да јадам, ниту да пијам. Два дена подоцна, го изгубив сетилото за мирис и вкус, а следниот ден завршив во болница. Не можев да дишам, не можев да одам и видот ми беше матен, а температурата беше сè уште многу висока, дури и со примените лекови. Добив пневмонија – раскажала таа во видеото.

 

@worldsokaitestDon’t care about getting covid? HOPE YOU HAVE GOOD INSURANCE. #covid #FreeFreeDance #johnsonandjohnson #texas #fyp♬ original sound – kait

„Бев прикована во креветот 13 дена со температура, со силни болки, отежнато дишење и тинитус (зуење во ушите). По две недели, почнав да се чувствувам подобро, но не се вратив во состојбата во која бев пред да се заразам со коронавирусот“, вели Кејт.

Таа објаснила колку длабоко коронавирусот влијаел на неа.

– По три месеци откако го преболев коронавирусот, почнав да се чувствувам навистина лошо. Се онесвестив во кујната, па ме однесоа на ургентно. Тоа се случи повеќепати во јануари, сè додека не отидов кај мојот кардиолог, кој видел еден куп луѓе како мене – вели Кејт.

Таа додава дека никогаш порано немала кардиоваскуларни проблеми.

.- Дури се тестирав и за генетски наследни болести, но сè беше во ред. Ми дијагностицираа срцеви аритмии, пролапс на митралната валвула, постојан тинитус, замор и несоница. Јас се онесвестувам речиси секој ден, а тироидната жлезда ми е премногу активна. Пијам толку многу лекови, кои никогаш не сум ги земала пред инфекцијата – вели Кејт.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kait (@worldsokaitest)

Таа вели дека би сакала луѓето да престанат да размислуваат за тоа како стапката на преживување е 99 отсто.

– Да, преживеав, но по која цена? Не можам повеќе да одам во важбалница или ниту да трчам, не можам да си играм со моите деца како порано. Јас сум постојано болна, бидејќи сите овие лекови имаат и свои нуспојави. И се сметам за среќна. Ме вознемирува колку луѓе се подготвени да играат руски рулет со своето здравје и здравјето на луѓето околу нив – рекла Кејт.

Таа вели дека се вакцинирала затоа што се грижи за луѓето околу неа и за нејзините најблиски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kait (@worldsokaitest)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот